САД до Косово: Ситуацијата со динарот влијае на нашето партнерство, одложете ја одлуката за забрана
Американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер денеска го повтори повикот до властите во Приштина да ја одложат одлуката за забрана на динарот на Косово и нагласи дека ситуацијата со динарот влијае на партнерството на САД со Косово.
На прес-конференцијата тој потсети дека американскиот помошник државен секретар, Џејмс О’Брајан пред два дена изјави дека властите во Приштина треба да ја повлечат одлуката за динарот и дека со забраната на динарот Приштина го доведе во прашање партнерството со САД, бидејќи ја донеле таа одлука и покрај противењето на Вашингтон.
„Загрижен сум што сега во нивните интервјуа велат дека тоа нема да влијае на нашето партнерство. Сакам да повторам дека тоа не е точно. Не е точно. Како што рече О’Брајан, оваа ситуација веќе влијаеше на нашето партнерство. Брајан јасно му ја кажа нашата позиција на премиерот Курти. Секоја спротивна сугестија одразува погрешно претставување на важноста што ја даваме за решавање на ова прашање. Загрижени сме, би рекол дури и фрустрирани, што владата на премиерот Курти не го стори тоа и секоја сугестија дека се е добро и дека тивко сите сме во врска едни со други едноставно не е во ред“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…