САД загрижени поради ослободувањето на осуден убиец на вработени во амбасадата во Судан
САД изразуваат длабока загриженост поради ослободувањето завчера на Абдел Рауф Абузиад, осуден за убиството на Џон Гренвил и Абдел Рахман, дел од персоналoт на амбасадата на САД во Судан и вработени во УСАИД, се вели во денешното соопштение на американскиот Стејт департмент.
Абузаид останува лице под санкции на САД означено како глобален терорист. За пукањето од автомобил во движење во Гренвил и Рахман, кое се случи во главниот град Картум в 2008 година, тој беше осуден на смртна казна.
– Длабоко сме вознемирени од недостигот на транспарентност во легалниот процес што резултираше во ослободување на единствениот задржан, а поради неточното тврдење дека ослободувањето било договорено од владата на Соединетите Американски Држави, а како дел од договорот меѓу жртвите и суданската влада поврзано со исфрлање на Судан во 2020 година од списокот земји спонзори на терориозмот, изјави портпаролот Нед Прајс.
Тој истакна дека САД ќе продолжат да бараат појаснувања за оваа одлука.
Стејт департментот има објавено потерница со награда од пет милиони долари за информација која ќе доведе до апсење на Мохамед Макави Ибрахим Мохамед и Абделбасит Алхасан Хаџ Хамад, останати две лица одговорни во убиството на Гренвил и Абас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…
Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…
Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…
На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…
Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…
Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…