Објавено на:

САД изразија загриженост за ситуацијата со масовните протести во Израел

t

Белата куќа, преку својот портпарол, Џон Кирби, порача дека САД и натаму се загрижени за ситуацијата во Израел, а претседателот Џо Бајден својата загриженост за предложените судски реформи во оваа земја ги сподели директно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Британските медиуми пренесуваат дека поради настаните во земјата во последните неколку дена Кирби повика на компромис од сите страни.

Нетанјаху вчера за еден месец ја одложи владината одлука за спроведување на жестоко оспорените планови за реформи во правосудството, пред се, поради стравувањата дека најтешката криза во земјата во последните години може да ја растури неговата коалиција или да ескалира во насилство.

-Ние бевме многу јасни приватно, се разбира, со израелските лидери, како и јавно, за нашата загриженост за она што се случи во оваа земја во последните 48 часа, и повторно силно ги повикуваме израелските лидери на компромис, рече Кирби.

Тој нагласи дека Бајден бил „многу отворен“ со Нетанјаху во врска со неговите грижи.

Кирби додаде дека Израел е поканет на Самитот за демократија на кој САД неделава ќе бидат домаќини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сенатот одобри помош за Украина, Израел и…

Во САД, Сенатот одобри помош за Украина,…

Хорор: Маж ги убил сопругата и трите…

Пет мртви тела, меѓу кои и три…

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за…

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека…

Американскиот конгрес одобри 60,8 милијарди долари помош…

Американскиот конгрес одобри 60,8 милијарди долари помош…

Израел ги повикува амбасадорите и испраќа „силна…

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека…