Објавено на:

САД и Австралија побараа ограничено движење за нивните граѓани или да го напуштат Израел

t

Амбасадата на САД во Израел денеска им порача на своите вработени и нивните семејства да ги ограничат своите движења по извештаите дека Израел извршил напад врз цели во Иран.

„По извештаите дека Израел извршил одмазднички напад во Иран, вработените во американската влада и членовите на нивните семејства се ограничени од лични патувања надвор од поголемиот дел од Тел Авив, Ерусалим до понатамошно известување“, се вели во безбедносното советување објавено од Амбасадата на нејзината веб-страница.

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии од безбедносни причини
Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат.

Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади
Иранските државни медиуми утрово објавија за експлозии во центарот на Исфахан додека американските медиуми цитираа официјални лица кои тврдат дека Израел извршил одмазднички напади врз својот главен ривал.

Системите за ПВО над неколку ирански градови беа активирани, објавија државните медиуми, откако државната телевизија соопшти дека експлозии се слушнале во близина на централниот град Исфахан.

Израел претходно предупреди дека ќе возврати откако Иран истрела стотици проектили и беспилотни летала врз Израел во текот на минатиот викенд. Повеќето од нив беа пресретнати.

Иранската новинска агенција Фарс објави дека се регистрирани „три експлозии“ во близина на воената воздухопловна база Шекари во северозападниот дел на провинцијата Исфахан, додека портпаролот на иранската вселенска агенција Хосеин Далиријан изјави дека „неколку“ беспилотни летала биле „успешно соборени“.

„Засега нема извештаи за ракетен напад“, објави Далиријан на социјалната мрежа Х.

Нуклеарните постројки во Исфахан се пријавени како „целосно безбедни“, објави иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на „сигурни извори“.
Американските телевизии Еј-Би-Си Њуз и Си-Би-Ес Њуз објавија дека нападите биле извршени од Израел, цитирајќи американски официјални претставници.

Засега нема коментар од Белата куќа или од Пентагон.

Израелската војска објави дека – „Во моментов немаме коментар“.
Иран – клучниот поддржувач на палестинската милитантна група Хамас и либанскиот Хезболах – го започна нападот како одмазда за нападот на 1 април врз неговиот конзулат во Дамаск, за кој нашироко беше обвинет Израел.

Според локална активистичка група, имало и експлозии во јужна Сирија.

„Имаше удари врз радарска позиција на сириската армија“, рече Рајан Мааруф, кој ја води антивладината веб-страница „Suwayda24“ која покрива вести од провинцијата Свеида на југ.

„Иранската воздушна одбрана е активирана на небото на неколку провинции во земјата“, соопшти официјалната новинска агенција на Техеран ИРНА.

Новинската агенција Мехр објави дека „летовите за Техеран, Исфахан и Шираз и аеродромите на запад, северозапад и југозапад се прекинати“.

По налетот на иранските проектили, израелските власти не кажаа кога и каде ќе возвратат, но премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека неговата земја го задржува правото да се заштити.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш вчера даде темна слика за ситуацијата на Блискиот Исток, предупредувајќи дека зголемените тензии околу војната во Газа и нападот на Иран врз Израел може да прераснат во „регионален конфликт од целосен размер“.

„Блискиот исток е на раб на пропаст. Последните денови се забележува опасна ескалација — со зборови и со дела“, рече Гутереш пред Советот за безбедност.

„Една погрешна пресметка, една погрешна комуникација, една грешка, би можеле да доведат до незамислив регионален конфликт од целосен обем кој би бил катастрофален за сите инволвирани“, рече тој, повикувајќи ги сите страни на „максимална воздржаност“.

Американски медиуми: САД однапред биле известени за напад на Израел врз Иран
САД добиле однапред известување за пријавениот напад на Израел врз цели во Иран, но не ја поддржале операцијата ниту одиграле каква било улога во нејзиното извршување, цитираат американските медиуми изјави на официјални лица.

Ен-Би-Си и Си-Ен-Ен, цитирајќи извори запознати со тоа прашање и американски официјален претставник, соодветно, рекоа дека Израел му дал на Вашингтон претходно известување за напади.

Иранските медиуми објавија дека „нема поголема штета“ по експлозиите
Иранските медиуми утрово објавија дека нема „голема штета“ откако биле регистрирани експлозии во близина на централниот град Исфахан.

„Извештаите покажуваат дека нема поголема штета или големи експлозии предизвикани од ударот или од каква било воздушна закана“, јавија државните медиуми во Техеран.

Техеран тврди дека собориле дронови, но засега нема ракетен напад
Беспилотни летала беа „успешно соборени“ од иранската ПВО рано утринава, но „засега нема информации за можен ракетен напад“, изјави портпаролот на иранската вселенска агенција.

„Во овој момент нема воздушен напад надвор од Исфахан и во други региони на земјата“, наведе Хосеин Далиријан во изјава објавена на X, по извештајот на американска телевизија за израелски напад врз Иран.

Израелски проектили погодија цели во Иран, објави Еј-Би-Си Њуз цитирајќи американски официјален претставник, а иранските државни медиуми објавија за експлозија во централниот дел на земјата, неколку дена откако Иран возврати со лансирање беспилотни летала кон Израел.

Иранската новинска агенција Фарс објави дека е регистрирана експлозија на аеродром во централниот град Исфахан.

Иран ги прекина летовите над градовите Исфахан, Шираз и Техеран, соопштија државните медиуми.

Меѓународниот аеродром Имам Хомеини во Техеран беше затворен за сите летови до 07:00 часот по Гринич.

Вашингтон Пост: Израел вели дека ја покажал својата способност да нападне во внатрешноста на Иран
Денешниот напад „имаше намера да му сигнализира на Иран дека Израел има способност да нападне во внатрешноста на земјата“, изјави неименуван израелски функционер за „Вашингтон пост“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…

Небензја бара меѓународна истрага за случувањата во…

Неопходна е независна меѓународна истрага за откриените…

Гордана Силјановска ќе ја почитува „Северна“ и…

Не планирам да ги тргам таблите со…

Маричиќ: 20 години од големото проширување на…

„Денес ЕУ го прославува 20-годишниот јубилеј на…