САД и Британија изведоа нови напади над Хутите
Соединетите Американски Држави и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите, гаѓајќи цели во провинцијата Ал Бајда, изјави за Спутник извор од локалните власти.
„Денеска, САД и Велика Британија извршија напади врз касарните во провинцијата Ал Бајда, југоисточно од Сана, главниот град на Јемен. „Американски и британски авиони ги бомбардираа објектите на силите на Ансар Ала во воениот камп во областа Макаирис, во реонот на тврдината Тафа и објекти во областа Ал-Савма“, рече соговорникот на Спутник.
Нападот се случи еден ден откако Хутите објавија дека извршиле ракетен напад врз американски брод во Аденскиот залив.
Да потсетиме, пред четири дена американската војска и нејзините сојузници извршија напади врз повеќе од 60 цели на 16 локации што ги користат Хутите во Јемен. Тоа беше првиот напад врз Хутите откако групата почна да пука со беспилотни летала и проектили врз товарни бродови во Црвеното Море.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…
Катар ќе има одделни разговори за прекин…
Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…
Инцидент во близина на воена база во…
Британската полиција соопшти дека уапсила неколку мажи…
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…
Јемен повика на меѓународна помош во борбата…
Јемен повика на посилна поддршка од меѓународната…