Објавено на:

САД и Велика Британија ќе потпишат договори вредни 10 милијарди долари

t

САД и Велика Британија планираат да потпишат економски договори вредни повеќе од 10 милијарди долари (повеќе од 8,5 милијарди евра) за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија оваа недела, јавија британските медиуми, повикувајќи се на високи американски претставници.

Се очекува двете земји да потпишат трговски договор со три дела: ново партнерство во науката и технологијата за зајакнување на нивните технолошки сектори, меѓусебна соработка во нуклеарната енергија и развивање на соработката во одбранбената технологија.

Трамп ќе пристигне во Велика Британија во среда во својата втора државна посета. Американскиот претседател во среда во замокот Виндзор ќе биде примен од британскиот крал, Чарлс III, а во четврток посетата ќе продолжи во резиденцијата на премиерот Кир Стармер во Чекерс.

Трамп во јули беше во петдневна приватна посета на Шкотска. Тој престојуваше во британската покраина каде што имаше средби со британскиот премиер, првиот министер на Шкотска Џон Свини и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, потсетуваат британските медиуми

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…

Америка крие тела на четири вида вонземјани,…

Научник, кој со децении работел со програмата…

Долгот на САД за првпат надмина 40…

Јавниот долг на САД за првпат ја…

Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…

Околу половина од нафтата што моментално се…