Објавено на:

САД и испорача на Украина балистички ракети со долг дострел АТАЦМС

t

САД испратија нов ракетен систем со долг дострел во Украина, потврди Пентагон. Ова оружје со висока прецизност е дел од итниот воен пакет за Украина што САД го најавија пред шест месеци.

„Претседателот Џо Бајден му наложи на својот тим да испорача ракетни системи со долг дострел откако Русија набави балистички ракети од Северна Кореја и ги употреби против Украина“, соопшти Пентагон.

„Тактичките ракетни системи на војската, познати како АТАЦМС, ќе и помогнат на Украина да им се закани на руските сили во кој било дел од окупираната украинска територија“ се додава во соопштението.

АТАЦМС е ракетен систем за наведување балистички ракети со долг дострел, со висока прецизност, со дострел од 300 километри, кој може да се лансира од мобилни платформи како што се ракетни лансери ХИМАРС.

„Ќе се погрижам испораките да започнат веднаш. Во следните неколку часа, буквално за неколку часа ќе започнеме да испраќаме опрема за противвоздушна одбрана, артилериска муниција за ракетни системи и оклопни возила во Украина“, рече Бајден во Белата куќа.

Тој нагласи дека обновувањето на залихите на американско оружје на Украина е инвестиција „не само во безбедноста на Украина, туку и во безбедноста на Европа и сопствената безбедност“.

Минатиот октомври Украина распореди ракети АТАЦМС кои беа од САД. Тогаш тоа беа модели со помал домет од околу 165 километри. Украинската влада бара ракети кои можат да погодат многу подалечни цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на…

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции,…

Ерменскиот премиер најави договор со Азербејџан

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот…

Грците бесни што Турција сака манастирот Хора…

Министерството за надворешни работи на Грција преку…

Тројца мажи се обиделе да влезат во…

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било…