САД И КИНА ЈА ОБНОВУВААТ ВОЕНАТА КОМУНИКАЦИЈА Си му забележа на Бајден за економските санкции
Кина и САД се согласија да ја обноват комуникацијата на високо ниво меѓу нивните војски, вклучително и работни состаноци меѓу министерствата за одбрана, објавија денеска кинеските државни медиуми, повикувајќи се на изјавата на претседателот Си Џинпинг на неговата средба со претседателот Џо Бајден.
Си Џинпинг, исто така, рече дека двете земји се договориле да формираат работна група за соработка меѓу Кина и САД за борба против наркотици, објави кинеската државна телевизија.
„Кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Џо Бајден се согласија да ги обноват воените комуникации на високо ниво засновани на еднаквост и почит“, јави Синхуа.
На самитот во Калифорнија, двајцата лидери, исто така, се согласија да започнат заеднички владини дискусии за употребата на вештачката интелигенција и да формираат работна група за соработка во областа на борбата против наркотиците.
Бајден и Си се согласија да работат заедно за да го запрат производството и дистрибуцијата на опиоидот фентанил, водечка причина за смртни случаи од предозирање во САД.
Претседателот Си му рече на Бајден дека Кина не се обидува да ги „престигне или замени САД“ и дека „САД не треба да се обидуваат да ја потиснат и контролираат Кина“.
– Кина нема да тргне по стариот пат на колонизација и грабеж – рече Си.
Тој, исто така, го предупреди Вашингтон дека Пекинг не е задоволен од санкциите, како и со другите мерки против кинеските компании.
– Американските дејствија против Кина за контрола на извозот и инвестициите, како и едностраните санкции, предизвикуваат сериозна штета на легитимните интереси на Кина. Потиснувањето на кинеската наука и технологија е еднакво на кочење на квалитативниот развој на Кина и лишување на кинескиот народ од правото на развој – рече Си.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…