Објавено на:

САД и Украина го потпишаа договорот за минерали

t

Соединетите Американски Држави и Украина постигнаа договор да формираат Фонд за реконструкција кој на САД ќе им овозможи и пристап до природните ресурси во земјата нападната од Русија. САД со договорот добиваат привилегиран пристап до украинските ресурси, вклучително и ретки метали.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент и украинската вицепремиерка Јулија Свириденко го потпишаа договорот во главниот град на САД, Вашингтон. Бесент изрази задоволство поради неговото склучување.

Текстот на договорот сѐ уште не е објавен, но со него е предвиден инвестициски фонд за заедничка експлоатација на украинските природни ресурси, кој би требало да генерира средства за обнова на земјата разурната од војна.

Украинската вицепремиерка Свириденко даде повеќе детали. Идниот фонд за обнова треба да инвестира во проекти за експлоатација на минерали, нафта и гас, како и во соодветната инфраструктура, појасни таа. „Украина и САД заеднички ќе ги одредат инвестициските проекти што треба да се финансираат“, напиша таа на Фејсбук.

Може да се инвестира само во Украина. Фондот во првите десет години не треба да распределува добивки и приходи, туку да ги реинвестира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку ракети „Патриот“ ќе купи Украина со…

Украина побара од Европската комисија да издои…

Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…

Венко Филипче кој има главна улога во…

Иран напаѓа американски бази во четири земји…

Иран ги прошири своите одмазднички напади врз…

Америка ќе распоредува ракети во Јапонија —…

Русија денеска ги осуди претстојните заеднички воени…

Два американски воени авиони слетаа на аеродромот…

Два големи американски воени авиони биле забележани…