Објавено на:

САД: Кинезите со балони шпионирале над 40 држави

t

Кинескиот балон што леташе над САД и беше соборен од американската војска, бил опремен да собира разузнавачки сигнали и бил дел од огромна кинеска воена програма за воздушна шпионажа која таргетирала повеќе од 40 земји, соопшти денеска администрацијата на Бајден, наведувајќи го опсегот и способностите на огромниот балон што предизвика внимание пред САД да го урнат.

Народноослободителната армија ги користела овие балони, опремени со висока технологија дизајнирана да собира чувствителни информации, специјално за шпионирање низ целиот свет, велат американските власти. Според нив, слични балони лебделе на пет континенти.

Во Пекинг, пред САД да излезат со овие информации, портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи го повтори инсистирањето на нејзината држава дека големиот беспилотен балон е цивилен метеоролошки воздушен балон што излетал од курсот и дека САД „претерано реагирале“ соборувајќи го.

„Тоа е неодговорно.Последните обвинувања можеби се дел од информациската војна на американската страна против Кина“, рече таа.

Кинескиот министер за одбрана одби да го прифати телефонскиот повик од секретарот за одбрана Лојд Остин за да разговара за прашањето за балонот во саботата, соопшти Пентагон.

Кина не одговори на прашањата за тоа на кој владин оддел или компанија му припаѓа балонот, ниту како планира да се надоврзе на ветувањето за преземање понатамошни дејствија за ова прашање.

САД претходно соопштија дека кинеските шпионски балони биле забележани на најмалку пет континенти во последните неколку години и оти Вашингтон е во контакт со своите сојузници за да сподели информации за операциите.

„Веќе споделивме информации со десетици земји ширум светот, и од Вашингтон и преку нашите амбасади. И ние го правиме тоа затоа што САД не беа единствената цел што се однесува до оваа програма, која го наруши суверенитетот на земјите на пет континенти“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Стејт департментот.

„Кој е одговорен за тоа – Кина. И не е важно, кои поединци можеби биле или не биле одговорни“, рече Блинкен на прашањето дали мисли дека кинескиот претседател Си Џинпинг бил свесен за операциите со шпионски балон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина: Ние не ја предизвикавме украинската криза,…

Кина не ја предизвика украинската криза и…

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД…

Десетици торнада го погодија централниот дел на…

Блинкен: Ако Кина не го реши проблемот…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се закани…

Си Џипинг: Кина и Америка треба да…

Кина и Америка треба да бидат партнери,…

Макрон: Европа мора да покаже дека не…

Европа мора да покаже дека не е…