САД: Кинески хакери упаднале во мрежи на Сенатот, НАСА и Федералните резерви
Кинески хакери упаднале во сервери на американскиот Сенат, Министерството за правда, НАСА, Федералните резерви, Министерството за енергетика и Министерството за здравство, како и во мрежи на приватни компании во САД, соопштија американското Министерство за правда и ФБИ.
Американските власти заплениле домени на две хакерски платформи – „QScan“ и „QTRouter“, кои биле користени за масовни сајбернапади врз критичната инфраструктура и стратешките владини мрежи во САД.
Според судските документи, платформите биле развиени и управувани од кинеската хакерска мрежа „QTFY“, која работела за кинеската компанија Nanjing Xinjiuwei Network Technology. Меѓу нејзините главни клиенти, според истрагата, биле кинеското Министерство за државна безбедност и Народноослободителната армија на Кина.
„QScan“ автоматски скенирал и заразувал илјадници уреди поврзани на интернет ширум светот. Тие потоа биле вклучувани во мрежата „QTRouter“, заедно со прокси-сервери и VPS системи, со цел да се прикрие кинеското потекло на сајбернападите.
Истрагата покажала дека инфраструктурата на „QTFY“ најмалку од 2018 година била користена за упади во критични мрежи во САД и во други делови од светот.
По запленувањето на клучните домени од страна на американските власти, платформите „QScan“ и „QTRouter“ биле блокирани и престанале да функционираат.
Во заедничка операција, ФБИ и Националната агенција за безбедност (NSA) објавиле и извештај со индикатори за компромитирање, со цел организациите полесно да ги заштитат своите мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кушнер: САД работат на најголема размена на…
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…
Седум од десет Европејци сакаат ЕУ да…
Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската…
Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…
Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…
Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…