Објавено на:

САД му дозволија на Иран слободно да извезува нафта

t

САД делумно ги укинаа санкциите за иранска нафта во период од 60 дена, по првата рунда преговори во Швајцарија.

Лиценцата трае до 21 август и опфаќа сурова нафта, петрохемиски производи или нафтени производи од иранско потекло. Дозволува извоз на иранска нафта во САД и во сите други земји, со исклучок на Куба, Северна Кореја и окупираните делови од Украина.

Иран го негираше тврдењето на американскиот потпретседател Џ.Д. Венс дека Техеран ќе им дозволи на нуклеарните инспектори од ОН да се вратат во земјата.

Во 2015 година, Иран и шест светски сили – САД, Кина, Франција, Русија, Германија и Британија – постигнаа договор со кој ѝ се дозволува на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да изврши инспекции на иранските нуклеарни постројки. Трамп во својот прв мандат ги повлече САД од тој договор.

Иран лани го суспендираше пристапот на МААЕ до нуклеарните локации кои беа бомбардирани од Израел и САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски воен сателит опасно се приближил до…

Руски воен сателит се приближил на околу…

ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…

Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…

Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…

(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…

По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…