САД: НАТО му го сврте грбот на американскиот народ
Белата куќа дополнително ја заостри својата реторика кон своите сојузници, обвинувајќи го НАТО дека „му го свртел грбот“ на САД во услови на меѓународната криза околу војната со Иран.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ја пренесе пораката на претседателот Доналд Трамп, кој верува дека алијансата „беше ставена на тест и не успеа“.
„Доста е жално што НАТО му го сврте грбот на американскиот народ во изминатите шест недели“, рече Ливит, додавајќи дека американските даночни обврзници се тие што ја финансираат одбраната на сојузниците со години.
Овие изјави доаѓаат во контекст на поширока геополитичка криза, откако Вашингтон го прогласи успехот на воената операција против Иран и постигна привремен прекин на огнот, додека најави продолжување на преговорите за долгорочно решение.
Левит, исто така, потврди дека Трамп ќе одржи средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во текот на денот во Вашингтон, најавувајќи „отворен разговор“ за иднината на алијансата.
На прашањето дали американскиот претседател размислува за повлекување на САД од НАТО, Ливит не ја исклучи таа можност. „Тоа е нешто за кое претседателот веќе разговарал и ќе разговара понатаму со генералниот секретар Руте“, рече таа, додавајќи дека јавноста наскоро би можела да чуе директна изјава од претседателот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: САД не сакаат ништо што би…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Клековски со порака за Денот на независноста:…
Министерот за здравство Сашо Клековски присуствуваше на…
Затворена Ајфеловата кула: Штрајкуваат вработените
Ајфеловата кула во Париз во понеделникот беше…
Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…
Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…
Над 1.120 цивили загинаa во напади со…
Најмалку 1.120 цивили загинаа во напади со…