САД на нозе: Русија и Кина започнаа заеднички воени вежби
Русија денеска ја започна еднонеделната воена вежба во која учествуваат сили од Кина и други земји како демонстрација на соработка меѓу Москва и Пекинг во време на зголемени тензии со САД.
Маневрите исто така имаат за цел да покажат дека Москва има доволна воена моќ за масовни вежби, дури и кога нејзините трупи се вклучени во војната во Украина.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека воената вежба „Восток 2022“ (Исток) ќе трае до 7 септември, на седум полигони на рускиот Далечен Исток и во Јапонското Море, а ќе учествуваат повеќе од 50.000 војници и над 5.000 оружје.
Началникот на рускиот Генералштаб, генерал Валериј Герасимов, лично ќе ги надгледува вежбите на кои ќе учествуваат војници од неколку поранешни советски држави, Кина, Индија, Лаос, Монголија, Никарагва и Сирија.
Во соопштението се наведува дека како дел од маневрите, руската и кинеската морнарица во Јапонското Море „ќе вежбаат заедничка акција за заштита на поморските комуникации, областите на поморска економска активност и поддршка на копнените трупи во крајбрежните области“.
Пекинг испрати повеќе од 2.000 војници, повеќе од 300 воени возила, 21 борбен авион и три воени бродови да учествуваат во вежбите, јавуваат кинеските медиуми, пренесува Бета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руската независна „Новаја газета“ престанува со работа…
„Новаја газета“, еден од историските симболи на…
САД бараат од балтичките сојузници да не…
Официјални лица од Пентагон во последните недели…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…