САД нѐ модернизираат: 78 милиони американски долари за АРМ!
Армијата на Република Македонија добива 78 милиони долари американска поддршка во развојот на своите капацитети, модернизацијата, опремувањето и развојот на капацитетите за сајбер одбрана.
Американската поддршка, како што објаснуваат Министерство за одбрана, е во насока на достигнување на НАТО целите на способности и зголемување на интероперабилноста со американските вооружени сили и со сојузниците во Алијансата.
Членството во НАТО, како што се наведува, е уште еден катализатор за уште посилна соработка меѓу сојузниците како Македонија и САД, со што се зацврстува и колективната одбрана на Алијансата.
„САД се наш долгогодишен стратегиски партнер во развојот на армиските капацитети. Овие 78 милиони долари се значителна поддршка во развојот на капацитетите, имајќи предвид дека во изминатите 30 години, преку програмата за меѓународна воена помош, САД има донирано воена опрема во вредност од 160 милиони долари“, стои во соопштението.
Од Министерството за одбрана посочуваат дека портфолиото за соработката со САД е навистина богато и сеопфатно. Тоа вклучува обука преку MIL-2-MIL програмата, вежбовни активности, некинетички обуки односно асистенција за АБХО, сајбер, цивилно воена соработка, развој на медицински капацитети, едукација за административни службеници, војници, подофицери и офицери, заеднички процес на опремување и модернизација преку десет интегрирани проектни тимови, тимови и советници со постојан престој во Македонија со цел асистенција во развојот на одбраната итн.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп го смени шефот за сајбер-безбедност по…
Директорот за национална сајбер-безбедност на Белата куќа,…
Трамп, Путин и Си во заедничка изјава:…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател…
Трамп: САД не ја поддржуваат независноста на…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Трамп: На САД не им е потребна…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на…
Трамп на 19 ноември планира одделна средба…
Американскиот претседател Доналд Трамп планира на 19…