САД ОДОБРИЈА ИСПРАЌАЊЕ „ФАЛКОНИ“ ЗА УКРАИНА: Авионите ќе ги добие од Данска и од Холандија
САД одобрија испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина од Данска и Холандија веднаш штом ќе заврши обуката за пилоти, изјави неименуван американски претставник.
– Вашингтон ги увери данските и холандските власти дека САД ќе го забрзаат одобрувањето на барањето за трансфер на Ф-16 во Украина откако пилотите ќе бидат обучени – рече официјалниот претставник.
Тој додаде дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен испратил писма до своите дански и холандски колеги во кои ги уверува дека барањата ќе бидат уважени.
Авионот Ф-16, наречен уште „Борбен сокол“ (Fighting Falcon) е млазен ловец со едно седиште и еден мотор, кого го произведува корпорацијата Локхед Мартин за армијата на САД и за десетина други земји. Ф-16 е конструиран по нарачка направена во 1972 година за лесен рентабилен ловец за борба воздух-воздух. Сегашните модели се исто така способни за дејствување во сите временски услови и ефикасни се за копнени напади. Воздухопловните сили на САД ја добија првата испорака на Ф-16 во 1978 година.
Под лиценца се произведува и во Белгија, Холандија, Турција, како и Јужна Кореја, и е основа под која е правен јапонскиот ловец FS-X. Се продава и на сојузниците на САД на Блискиот Исток, каде што се покажа многу ефикасен во борбите воздух-воздух, во израелско-сирискиот конфликт од 1982 година и во војната во Персискиот Залив од 1990-1991 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Внимавајте денеска пеколно жешко – Температурите ќе…
Граѓаните на Македонија, а особено скопјани, денеска…
Адвокатот на таткото на Вања вечерва откри:…
Адвокатот на таткото на Вања вечерва откри:…
Жељазков: Целта на Северна Македонија не е…
Имавме многу добар разговор со претседателката на…
Трамп повика да се прекине судскиот процес…
Американскиот претседател Доналд Трамп повика Израел веднаш…
Трамп: САД следната недела ќе разговараат со…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно…