Жељазков: Целта на Северна Македонија не е да го преземе Вавилон, туку да влезе во ЕУ
Имавме многу добар разговор со претседателката на Северна Македонија, рече бугарскиот премиер Росен Жељазков денеска во Хаг по повод изјавата на Гордана Силјановска-Давкова дека имала „пријатен, протоколарен, пријателски разговор“ со него пред вечерата во рамките на самитот на НАТО во Холандија, пренесува бугарската БТА.
„Ја побарав претседателката на Северна Македонија затоа што, знаете, ставот на Бугарија е дека Република Северна Македонија треба да биде дел од Европската Унија. Имавме многу добар разговор – разговаравме за човекови права, за европски вредности, разговаравме за тоа дека јазикот на официјалните претставници на земјите треба да всадува пријателство, а не омраза. Ќе си дозволам аналогија – целта на нашите пријатели од Северна Македонија не е да го преземат Вавилон, туку да влезат во Европската Унија, што се случува со исполнување на критериумите за членство“, рече бугарскиот премиер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конгресната библиотека во Вашингтон е побогата за…
Конгресната библиотека во Вашингтон деновиве е збогатена…
Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…
Рубио: САД не сакаат ништо што би…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Клековски со порака за Денот на независноста:…
Министерот за здравство Сашо Клековски присуствуваше на…
Затворена Ајфеловата кула: Штрајкуваат вработените
Ајфеловата кула во Париз во понеделникот беше…