САД подготвуваат „финален удар“ врз Иран? Разгледуваат бомбардирања и копнена операција по неуспешните преговори
САД разгледуваат серија сценарија за можен „финален удар“ врз Иран, кои вклучуваат и големи воени операции, пренесуваат американски медиуми повикувајќи се на извори блиски до Пентагон.
Според информациите, воените планери анализираат опции што опфаќаат масовни воздушни напади врз стратешки цели, но и потенцијална копнена операција со ограничен обем.
Меѓу сценаријата што се разгледуваат е и преземање контрола врз островот Харг, клучна точка за извоз на иранска нафта, како и островите Ларак и Абу Муса, кои имаат значајна улога во контролата на Ормускиот теснец – еден од најважните енергетски коридори во светот.
Дополнително, се разгледува и пресретнување на танкери што превезуваат иранска нафта, како дел од поширока стратегија за економски притисок.
Паралелно, постојат и планови за операции внатре во Иран, со цел запленување на залихи на високо збогатен ураниум или уништување на нуклеарни постројки преку воздушни напади.
Според американски претставници, ваквите чекори би можеле да ја зајакнат преговарачката позиција на Вашингтон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма на небото над Србија: Воени ловци…
Вистинска безбедносна тревога денеска се случила во…
ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…
Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…
Избувнал пожар во паркирано возило на улицата…
На 6 ноември 2026 година, во 04:30…
Муцунски: Дијалогот што го водиме со Софија…
Дијалогот што во моментов се води околу…
ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…
Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…