Објавено на:

САД почнаа да дистрибуираат вакцини за деца постари од 6 месеци

t

Соединетите Американски Држави почнаа да дистрибуираат вакцина за деца постари од 6 месеци, која треба да биде достапна на национално ниво за неколку дена, рече координаторот на Белата куќа за „Ковид-19“, д-р Ашиш Џа.

Кон крајот на минатата недела, американските регулатори ја одобрија вакцината со две дози за деца на возраст од 6 месеци до пет години и вакцината со три дози на Pfizer-BioNTech за деца на возраст од 6 месеци до четири години.

Засега не се знае колку родители ќе ги вакцинираат своите деца. Само еден од пет родители на деца помлади од пет години изјавиле дека ќе го вакцинираат своето дете што е можно поскоро, според истражувањето објавено од Фондацијата Семејство Кајзер во мај.

Според официјалните бројки, само 29 отсто од децата на возраст меѓу пет и 11 години се целосно вакцинирани со Pfizer-BioNTech откако тој беше одобрен во октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран се заканува со ракетни напади врз…

Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…

Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…

Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…

Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…

Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…

Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…

Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…

ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…