Објавено на:

САД продолжија со испораката на оружје за Украина

t

Испораките на оружје од САД за Украина продолжија денеска, еден ден откако администрацијата на Трамп ја укина суспензијата на воената помош за Киев во борбата против руската инвазија.

Од Кремљ велат дека е важно да не се брза со одговорот на Русија на предлогот за прекин на огнот, објавија светските медиуми.

Дмитри Песков изјавил дека Москва чека детални информации за ова прашање од САД и сугерирал дека Русија прво мора да ги добие пред да може да заземе позиција.

Испораките на оружје за Украина веќе продолжија преку полскиот логистички центар, изјавија министрите за надворешни работи на Украина и Полска.

Испораките одат преку центар на НАТО и САД во источниот полски град Жешов, кој се користи за транспорт на западно оружје до соседна Украина.

Американската воена помош е од витално значење за украинската војска, која се бори да ги задржи руските воени сили на растојание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…

САД ја укинаа забраната за летови, се…

Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…

Трамп ќе се сретне со Путин и…

Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…

Мерц откри кој би можеч да ја…

Пет земји би можеле да ја претставуваат…

Кушнер: САД работат на најголема размена на…

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…