САД: Руската инвазија на Украина ќе предизвика глад за 40 милиони луѓе
Амбасадорката на САД во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд, денеска изјави дека руската инвазија на Украина ќе предизвика недостиг на храна за 40 милиони луѓе и дека најтешко ќе биде погодена субсахарска Африка.
САД обезбедија 4,5 милијарди долари за прехранбена безбедност на Самитот на Г7, од кои веќе придонесоа со 2,76 милијарди долари.
-Исто така, има планови САД да придонесат со 150 милиони долари во нов пакет помош за хуманитарен развој во Африка, но сè уште е потребно одобрување од Конгресот, додаде таа.
Африканците „не треба да бидат принудени да избираат страна“ во повторувањето на Студената војна, но тие мора да ги знаат фактите, посочи амбасадорката.
Посочувајќи дека енергијата, климатските промени, пандемијата и конфликтот се клучни причини за глобалниот проблем за снабдување со храна, Томас-Гринфилд рече дека „најподмолната причина за глад“ е „кога се користи како оружје при војна“.
-Не видовме индикации дека Русија ќе прифати дипломатско решение за војната во Украина, рече таа. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…
Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…
Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…
Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…
Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…