Објавено на:

САД сакаат подобри и подлабоки односи со Србија

t

Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил денеска изјави дека САД сакаат подобри и подлабоки односи со Србија и ја гледаат државата како добар партнер со кој може да соработува.

„Верувам дека Србија сега носи добри одлуки и оди во вистинската насока. Секако дека се уште ќе има тешкотии, но САД ја гледаат Србија како добар партнер со кој може да соработува и со кој ќе биде поблиску во иднина“ изјави Хил во Стопанската комора на Србија.

Тој рече дека не е тајна оти САД ја поддржуваат Србија на нејзиниот пат кон полноправно членство во Европската унија.

„Не сум тука да зборувам за минатото и тешкотиите, но тука сум да кажам дека иако нашите земји ги дели океан, ние воопшто не сме одвоени. Суштински дел од американската улога овде е да ја поддржиме Србија во нејзините напори да се приклучи на ЕУ. Од суштинско значење е Србија и ЕУ да работат заедно, односно Србија да влезе во Унијата“, рече Хил.

Според него, процесот на пристапување не е воопшто лесен, бидејќи има многу прашања кои треба да се решат.

„САД ја поддржуваат Србија, и помагаат да помине низ тој процес за да стане добра полноправна членка на ЕУ“, рече американскиот амбасадор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мисијата на Србија во ОН апелира до…

Вршителот на должноста во Постојаната мисија на…

Макрон го покани Путин на „Денот Д“…

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го покани…

Вучиќ: Србија е нападната на многу расипан…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по…

Мицотакис повторно предупредува: Ќе имате проблеми со…

Сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака…

Путин: Америка ја сече гранката на која…

Со воведувањето санкции кон Русија, американските власти…