Објавено на:

САД сакаат целосен прекин на огнот во Украина!

t

Американскиот претседател Доналд Трамп сака целосен прекин на огнот во Украина и е оптимист во врска со можноста за договор, но исто така постои растечко разочарување во Москва и Киев, изјави портпаролката на Белата куќа Керолин Левит.

„Тој е сè повеќе разочаран од лидерите на двете земји. Тој сака да види целосен прекин на огнот. Колку што јас разбирам, (рускиот претседател) Владимир Путин утрово предложи привремен прекин на огнот. Претседателот (Трамп) јасно стави до знаење дека прво сака целосен прекин на огнот, за да се запре убивањето и крвопролевањето“, рече Левит на брифинг.

Според неа, Трамп останува „оптимист дека може да постигне договор, но во исто време е и реалист“.

„Двајцата лидери треба да одржат разговори за да се договорат за излез од оваа ситуација. Средбата на претседателот (Трамп) со (Владимир) Зеленски покажа дека тој троши многу време и енергија на ова, бидејќи сака да биде претседател кој создава мир“, објасни таа. Како што рече таа, Трамп ја наследи тешката ситуација во Украина од Бајден „кој дозволи“ конфликтот да започне. Русија прогласи прекин на огнот за време на прославата на 80-годишнината од победата во Втората светска војна. Прекинот на огнот ќе трае од полноќ на 7 мај до полноќ на 10 мај. Во тој период, сите борбени операции ќе бидат суспендирани, се наведува во одлуката на рускиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…

Минесота е во шок откако државната претставничка…