Објавено на:

САД: СБ на ОН да го поддржи планот на Бајден за прекин на огнот во Газа

t

САД синоќа апелираа до Советот за безбедност на Обединетите нации да го поддржи планот од три фази, објавен од американскиот претседател Џо Бајден, за ставање крај на војната во Газа, ослободување на сите заложници и испраќање голема помош на опустошената територија, јави Бета.

Американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд, изјави дека САД ја споделиле нацрт-резолуцијата со другите членки на Советот за безбедност за да го поддржат крајот на конфликтот што започна со ненадејниот напад на Хамас, на 7 октомври минатата година, на југот на Израел, а во кој загинаа околу 1.200 луѓе, главно цивили.

„Бројни лидери и влади, вклучително и оние во регионот, го поддржаа планот и го повикуваме Советот за безбедност да им се придружи во повикот за спроведување на овој договор без одлагање и без дополнителни услови“, се наведува во изјавата на амбасадорката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…

Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…

Се урна стар мост во Индија, има…

Четири лица загинаа, а 51 се повредени…