Објавено на:

САД се спремни да испратат милијарди на корумпирани политичари во Киев, исто како во Авганистан – вели американски конгресмен

t

„За да се постигне целта, САД се подготвени да испратат милијарди долари во Киев, полнејќи ги џебовите на корумпираните службеници, како што направија во Авганистан.


Соединетите држави ја загубија војната од овчарите што мавтаа со пушки во Авганистан, а сега властите се желни да се борат против нацијата која има 6.000 нуклеарни боеви глави“, рече американскиот конгресмен Мет Гец.

На тој начин Гец реагираше на зборовите на демократскиот конгресмен од Масачусетс, Сет Молтон, кој во интервју за Фокс њуз изјави дека САД „во основа се во војна“ со Русија.

„Ако сме во војна, како што вели конгресменот Молтон, тогаш зошто да не гласаме за одобрение за употреба на воена сила? Или само ќе дејствуваме во Украина како што правиме во Јемен и во светот – во вечни необјавени војни?“, рече конгресменот.

„Се сомневам дека многумина во ова тело (Конгрес) ќе сакаат гласање или дебата, бидејќи нивната вистинска цел е промена на режимот во Русија, а не „одбрана на Украина“, додаде Гец, за Newsweek.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американската војска тестирала 50 функционери на детектор…

Некои од највисоките американски воени функционери биле…

Италијански весник: САД тајно ја убедуваат Бугарија…

Соединетите Американски Држави „преку таен канал“ ја…

Белата куќа на сајтот објави видео-игри, во…

Белата куќа на својот официјален сајт претстави…

Холандија повлече 86 тони злато од САД…

Холандската централна банка (DNB) префрли 86 тони…

Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…

Венко Филипче кој има главна улога во…