Објавено на:

САД: Скоро половина милион заразени во еден ден

t

Соединетите Американски Држави (САД) и неколку европски земји пријавиле рекорден број на новозаразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата среде значителното ширење на омикрон-варијантата.

Американските власти соопштија дека во САД во понеделникот се регистрирани повеќе од 440.000 нови случаи на Ковид-19.

Според податоците од Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), во САД бројот на новозаразени до 27 декември изнесувал 441.278, што е најголемиот број на случаи на дневно ниво, некогаш пријавени на агенцијата.

„Гласноговорничката на ЦДЦ за порталот „Политико“ (Politico) рече дека преголемиот број случаи со заразени би можело да биде последица на доцното тестирање и затворање на центрите за тестирање во текот на празниците, додавајќи дека бројот на случаи ќе биде постабилен по Нова година“, јавува „Би-би-си“ (BBC).

Во исто време, во Франција, Италија, Грција и Португалија, исто така е забележан рекорден број на заразени во еден ден.

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека ризикот кој го претставува Омикрон „и понатаму е многу висок“.

Според извештајот кој СЗО го објави во вторникот, бројот на новозаразени со коронавирусот во неделата пред 26 декември порасна за 57 отсто во Европа и за 30 отсто во Америка.

Студиите сугерираат дека Омикрон е поблаг од претходната доминантна варијанта Делта, но и понатаму постои страв дека големата бројка на заразени со новата варијанта би можела да доведе до преплавување на болниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…

Минесота е во шок откако државната претставничка…