Објавено на:

САД создаваат нова Космичка академија по моделот на „Вест Поинт“

t

Претседателот на САД Доналд Трамп потпиша извршна наредба за создавање на Космичка академија на САД – нова институција формирана по моделот на „Вест Поинт“ и другите водечки американски воени академии.

Трамп го објави основањето на академијата за време на посетата на вселенскиот центар „Џонсон“ на НАСА во Хјустон, каде што на екипажот на „Артемис II“ му го додели Конгресниот медал за храброст во вселената.

Трамп изјави дека академијата ќе помогне во обуката на воени лица, инженери и цивилни оператори потребни за Вселенските сили на САД и комерцијалната вселенска индустрија, како и за проширување на амбициите на Вашингтон на Месечината и пошироко.

„Една нација не може да биде прва на Земјата ако биде втора во вселената. Тоа едноставно нема да се случи. Така не функционираат работите“, изјави Трамп.

Трамп исто така рече дека НАСА започнала работа на она што тој го нарече „првиот нуклеарен меѓупланетарен вселенски брод“, кој, според него, би требало да биде лансиран на мисија кон Марс во 2028 година.

Тој изјави дека леталото би можело да биде првото во рамки на поголема американска флота, чија цел би била патувањата во вселената да станат поредовни и подостапни.

Русија и Кина исто така имаат вселенски академии, но главната разлика е во тоа што новата американска Космичка академија има за цел под еден покрив да го обедини образованието и обуката за воениот сектор, односно Вселенските сили, цивилниот сектор, односно НАСА, и комерцијалната вселенска индустрија.

Во Русија и Кина, воените вселенски академии се строго одделени од цивилните вселенски агенции – „Роскосмос“ и CNSA.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пекинг му одговори на Вашингтон: Не прифаќаме…

Кина остро реагираше на новите американски мерки…

Мицкоски од САД: Ги исполнуваме обврските од…

Ние испорачуваме и го правиме тоа што…

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави…

Ние испорачуваме и го правиме тоа што…

Белорусија ослободува политички затвореници во замена за…

Белорусија започна нова рунда помилувања на политичките…

Ирански дронови и ракета погодија брод ангажиран…

Ирански дронови и ракета нападнале брод ангажиран…