САД: Со актуелните политики БиХ е далеку од ЕУ

t

Американскиот амбасадор БиХ Мајкл Марфи изјави дека на Босна и Херцеговина ќе и бидат потребни децении да се приклучи на ЕУ доколку продолжат актуелните политички трендови. Тој предупреди на влошување на етнонационализмот, корупцијата и недостатокот на економски можности, кои ги принудуваат луѓето да емигрираат. Марфи ги обвини политичарите како Милорад Додик дека се збогатуваат на сметка на граѓаните и го блокираат напредокот, објавија босанските медиуми.

Тој нагласи дека американската политика кон Босна и Херцеговина нема да го промени правецот и покрај победата на Трамп и го поддржува продолжувањето на активностите на Канцеларијата на високиот меѓународен претставник (ОХР) и зајакнувањето на изборниот интегритет. Додик реагираше жестоко, нарекувајќи го Марфи „трујач на јавниот простор и шегаџија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…

Катар продолжува да посредува и да пренесува…

Катар ќе има одделни разговори за прекин…

Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…

САД и Кина се договорија да ги…

САД и Кина се договорија да ги…

Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Мнозинството Американци и Канаѓани сметаат дека Трамп…

Мнозинството граѓани во САД и во Канада…