САД со ново ограничување за продажба на оружје
Група сенатори во неделата објавија ограничена двопартиска рамка како одговор на масовните престрелки во САД минатиот месец. Предложениот договор претставува скромен напредок кој нуди умерени ограничувања за употребата на оружје, истовремено засилувајќи ги напорите за подобрување на безбедноста во училиштата и програмите за ментално здравје.
Сепак, договорот е далеку од чекорите што претседателот Џо Бајден, многу демократи, поборници за реформи во вооружувањето и американските граѓани долго време ги бараат.
Значајно е што „начелниот договор“ има поддршка од најмалку 10 републикански сенатори, што е доволно за да се достигне прагот од 60 гласови во Домот и да се надмине филибастерот (опструкции при гласање) .
Договорот има за цел да ги стави на располагање евиденциите на малолетните купувачи на оружје на возраст под 21 година кога ќе се извршат претходни проверки.
Новиот договорот треба да им понуди пари на државите за спроведување на законите кои дозволуваат привремено конфискација на оружје од луѓе кои се сметаат за потенцијално насилни, како и за зајакнување на програмите за безбедност на училиштата и ментално здравје.
Ќе бидат преземени и други чекори, вклучително и барањето на повеќе трговци со оружје да добиваат дозволи од федералните дилери, што значи дека тие ќе мора да извршат проверка на минатото на купувачите, објави Гардијан.
Договорот дојде по неколкунеделни интензивни преговори меѓу поделените групи сенатори, предводени од Крис Марфи од Конектикат на демократската страна и републиканците Џон Корнин од Тексас.
Во соопштението, двопартиска група пратеници рече дека мерките „ги обезбедуваат потребните ресурси за ментално здравје, ја подобруваат безбедноста на училиштата и поддршката за учениците и помагаат да се спречат опасните криминалци и оние кои се прогласени за ментално болни да купуваат оружје“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…
Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…
Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…
Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…
Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…