САД тврдат дека Русија не сака да го признае радиолошкиот ризик во нуклеарката Запорожје
Вашингтон соопшти дека Русија не сака да го признае огромниот радиолошки ризик во нуклеарната централа Запорожје во Украина, додавајќи дека тоа е причината поради која го блокирале последниот нацрт на договорот за неширење на нуклеарното оружје.
„Руската федерација сама одлучи да го блокира консензусот за финалниот документ на крајот од Десеттата конференција за преглед на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ). Русија го направи тоа со цел да го блокира јазикот што само укажува на огромен ризик во нуклеарната централа Запорожје во Украина“, соопшти Стејт департментот.
Во петокот, Русија го блокираше усвојувањето на заедничката декларација, по четиринеделната конференција на ОН за НПТ, и ги осуди, како што наведе, „политичките“ аспекти на текстот.
Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ), што е предмет на состанок на 191 потписник на секои пет години, има за цел да го спречи ширењето на нуклеарното оружје, да промовира целосно разоружување и соработка во мирната употреба на нуклеарната енергија .
Според извори блиски до преговорите, Русија особено се спротивставила на деловите од текстот кои се однесуваат на украинската нуклеарна централа Запорожје, која е окупирана од руската армија, јавија американски медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар…
Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…
Европа се соочува со нов раст на…
Европа повторно се соочува со летен топлотен…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Активни пожарите во мариовско и општините Студеничани,…
Изутринава во земјава има пет активни пожари…
Денес се празнува Преподобниот маченик Дометиј
Роден е во Персија како незнабожец, во…