САД: Ја охрабруваме Србија да ја зголеми набавката на оружје од Запад
Кори Шеј, военото аташе на американската амбасада во Србија, денеска изјави дека се надева оти воените вежби на Србија со западните партнери ќе продолжат и дека САД ја охрабруваат Србија да ја зголеми набавката на воена опрема од Запад, пренесе Бета.
„Целосно го разбираме мораториумот на вежбите со Руската Федерација во момент на нивната агресија во Украина и се надеваме дека Србија наскоро ќе продолжи со вежбите со западните партнери“, рече Шеј во интервју за Демостат.
Тој оцени дека особено треба да се зголеми набавката на опрема за воздухопловните и ПВО системи.
„Потпирањето на Србија на руската и кинеската опрема, особено на полето на авијацијата и противвоздушната одбрана, ги ограничува нашите можности за соработка, бидејќи имате ситуација кога нашата опрема не се совпаѓа со кинеската и руската опрема“, рече Шеј.
Тој додаде дека САД обезбедиле опрема вредна повеќе од 14 милиони долари за работа на Центарот за обука за мировни операции во базата „Југ”, возила од брендот Хамер, опрема за борбена симулација, падобрани, машини за изградба на патишта, опрема за дигитална симулација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…