САД ќе продолжат да испраќаат оружје во Израел
Стејт департментот соопшти дека Вашингтон нема да ја запрепре значителната воена помош за Израел и покрај напорите на владата, која вклучува екстремно десничарски и верски партии, да го ослабне судството во земјата, јави ДПА.
„Нема да има намалување или прекин на воената помош, а тоа е затоа што нашата посветеност кон Израел и нашата посветеност на безбедноста на Израел се непоколебливи“, рече портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател. „Нашето повеќедецениско партнерство со Израел е непоколебливо“, додаде тој.
САД го поддржуваат Израел со околу 3,8 милијарди долари годишно, од кои значителен дел оди за воена технологија и ракетна одбрана. Израел е земјата која ја доби најимпресивната воена помош од САД од крајот на Втората светска војна – до денес таа изнесува вкупно околу 158 милијарди долари. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нема да поставува услови за таа помош.
На завчерашното гласање во Кнесетот (израелскиот парламент) беше усвоен првиот закон на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху за спорната реформа на судството. Законот беше усвоен и покрај масовните протести низ Израел, кои почнаа на почетокот на јануари веднаш штом беа објавени реформскиот план и ветувањата на Нетанјаху за компромис, и предупредувањето против таквата промена од САД, најблискиот сојузник на еврејската држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…
Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…
САД бараат од балтичките сојузници да не…
Официјални лица од Пентагон во последните недели…
Трамп прогласи вонредна состојба поради безбедносни ризици…
Американскиот претседател Доналд Трамп на 26 август…
НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ ВО САД: Пожар и пријавено…
Пожар избувнал во Националната лабораторија „Савана Ривер“…
„Волстрит џурнал“: САД ги предупредија земјите од…
САД информираа неколку арапски земји од Персиски…