Објавено на:

САД ќе ѝ испратат на Украина стара касетна муниција, во голем број од случаите не експлодира веднаш

t

САД планираат на Украина ѝ да испратат стари модели на касетна муниција, кои во 14 отсто од случаите не се активираат веднаш, пишува Њујорк Тајмс.
Според весникот, од Пентагон уверуваат дека го модернизирале моделот. Сепак, подобрен е само дострелот на проектилот, кој сè уште содржи гранати, а стапката на неуспех е опишана од американскиот воен оддел како неприфатливо висока.


Според Њујорк Тајмс, пензионираниот армиски полковник Ал Восбург, кој е обучен за уништување експлозивни направи, рече дека процесот на расчистување на областа по употребата на таквите проектили ќе потрае бидејќи тие не можат да се поместуваат со рака. Дополнително, ќе биде потребна едукативна кампања за населението кое ќе се врати на овие територии и кое би можело да настрада од неексплодирани гранати.


Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан, на 7 јули објави дека САД одлучиле да достават касетна муниција во Украина, на чија употреба ОН се противат. Тој, исто така, истакна дека Киев му дал на Вашингтон писмени гаранции за минимизирање на

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…

Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…

Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…

Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…

При напад на руски дрон врз Киев,…

Во напад со беспилотно летало на руските…