САД ќе ѝ испратат уште еден ракетен систем „Патриот“ на Украина
Соединетите Американски Држави (САД) ќе ѝ достават на Украина уште еден ракетен систем „Патриот“ по очајните повици на Киев за дополнителна опрема за противвоздушна одбрана, особено откако североисточниот регион Харков беше цел на интензивни руски напади, изјавиле двајца високи американски функционери за агенцијата Асошиејтед прес (АП).
САД веќе ѝ испратија на Украина еден ваков ракетен систем и редовно доставуваа муниција за него, а противвоздушна опрема и муниција за Киев претходно обезбедија и другите сојузници, меѓу кои и Германија.
Официјалните американски претставници кои разговарале со АП под услов да останат анонимни бидејќи одлуката сè уште не е официјализирана, рекле дека американскиот претседател Џо Бајден го одобрил испраќањето на вториот систем „Патриот“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, како што потсетува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), кон крајот на минатиот месец побара од САД дополнителни системи „Патриот“ наведувајќи дека тие им се неопходни на украинските сили за да се одбранат од речиси 3 000 проектили што Русија ги лансира кон Украина секој месец.
Зеленски за време на посетата на Мадрид кон крајот на минатиот месец рече дека на Украина сè уште ѝ се потребни седум одбранбени системи против руските напади врз енергетската инфраструктура на земјата, цивилните области, како и воени цели, со крстосувачки проектили со голема разорна моќ.
Украинскиот претседател посочи дека на Украина ѝ се потребни два системи за заштита на регионот Харков, врз кој Русија започна офанзива на 10 мај.
„Да ги имавме овие модерни системи ‘Патриот’, (руските) авиони немаше да можат да летаат доволно блиску за да фрлаат (лизгачки) бомби врз цивилното население и војската“, рече Зеленски на прес-конференција во шпанската престолнина.
Одлуката, според изворите на АП, е донесена во пресрет на состанокот на лидерите на САД, Европската Унија и други земји сојузнички, на кој ќе се разговара за безбедносните потреби на Украина.
Домаќин на состанокот закажан за утре во Брисел е американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…