САД ѝ вратија на Италија околу 250 антички артефакти украдени во текот на деведесеттите

Соединетите Американски Држави вратија повеќе од 250 антички артефакти во Италија, откако полицијата откри дека вредните предмети биле украдени.
Повеќето од артефактите биле украдени во 1990-тите, потоа продадени преку голем број дилери, а голем број предмети очигледно биле понудени на колекцијата на музејот Менил во Хјустон, Тексас, јавува Би-Би-Си.
Одделот за криминал против антиквитети на италијанската полиција откри дека вредните предмети биле ограбени и продадени на американски музеи и приватни колекционери во текот на 1990-тите.
Меѓу скапоцените артефакти и археолошки предмети се насликани керамики, слики и скулптури – некои од нив се стари околу 3.000 години, додека неколку мозаици се проценети на неколку десетици милиони евра.
Најстариот објект датира од периодот на античката виланова култура од железното време, која се развила на територијата на Северна и Централна Италија (1000 – 750 п.н.е.), додека останатите артефакти се остатоци од етрурската цивилизација (800 – 200 п.н.е. ), Античка Грција (750 – 400 п.н.е.) и на царски Рим (27 п.н.е. – 476 п.н.е.).
Министерството за култура на Италија претходно соопшти дека сите артефакти се изложени во колекцијата Менил на музејот во Тексас, но портпаролот на музејот го негираше тоа и рече дека тие никогаш не биле дел од колекцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…
Четворица повредени во пожарот во Кочани транспортирани…
Италијанската амбасада преку соопштение информираше дека четворицата…
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…
САД го поздравија успешниот крај на преговорите…