Сакајте ја Македонија исто колку што ја сакате Србија, им порача Вучевиќ на Србите
Како што ја сакате и почитувате вашата држава Македонија, така сакајте ја својата матична Србија и како што говорите и треба да знаете македонски јазик и да пишувате македонско писмо, секаде и секогаш не заборавајте да говорите на српски јазик и да го знаете српското писмо, порача синоќа во Скопје српскиот вицепремиер и министер за одбрана Милош Вучевиќ на одбележувањето на Националниот ден на српската заедница во Македонија, Св. Сава.
Вучевиќ, во своето обраќање рече дека свети Сава не им припаѓа само на Србите, тој припаѓа на сите луѓе со добра волја, свети Сава им припаѓа на сите христијани, неговото дело е надвременско и денеска инспирира.
Тој се осврна и на билатералните односи помеѓу двете земји и поврзаноста на соседските народи.
Србија недвосмислено и силно е посветена на зачувување на политиката за мир, зачувување на слободниот дух, да живее братски и со љубов, и меѓусебно и со другите народи, да бидеме посветени на просперитетот на својот народ, да изгради подобра и посигурна иднина за своите потомци. Република Србија придава исклучиво значење на унапредувањето на билатералните односи со Република Македонија како добри соседи и пријатели, а јас би рекол и повеќе од тоа. Заедно ја покренавме иницијативата за Отворен Балкан, го решивме повеќедецениското прашање помеѓу двете цркви што дополнително ги зближи нашите братски народи, затоа што е добро и благородно сето тоа што не спојува“, истакна Вучевиќ.
На свеченоста чест на српската заедница во Македонија ѝ укажаа македонскиот премиер, министри и претставници на партии, на дипломатскиот кор, граѓански организации, здруженија, како и бројни гости од земјава и од странство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германски град препорача евакуација поради голем пожар…
Германски град во близина на белгиската граница…
„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…
ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…
Етаблираните партии, оние кои сега се власт…
Борот алепо повторно „дежурен виновник“ за пожарите…
Борот алепо повторно е посочен како „главен…
„Би-би-си“ откри скандал во Пакистан: Употребата на…
Болница во Пакистан користела исти шприцови за…