Салвини: Срамота е фактот што владата на Макрон не прифаќа мигранти
Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини изјави дека е срамота фактот што владата на францускиот претседател Емануел Макрон не прифаќа мигранти, а задржува терористи. Салвини, кој е и министер за транспорт, ова го изјави откако францускиот суд одби да испорача 10 поранешни членови на терористичката група Црвена бригада во Италија и кои и покрај тоа што италијанските судови ги осудуваа на различни степени на казни, вклучително и доживотен затвор, за крвни злосторства, се засолниле во Франција, пренесува Euractiv.
„Тоа е срамота. Ги одбива децата на границата Вентимилија во шумата и ги задржува терористите кои треба да бидат во затвор во Италија“, рече Салвини за француската полиција, која вели дека систематски ги враќа назад мигрантите без документи кои се обидуваат да ја преминат италијанската граница преку шума или со воз.
Во исто време, тој ја праша француската влада што ќе се случи ако ситуацијата биде обратна.
Францускиот суд ја оправда својата одлука со почитување на правото на приватен и семеен живот и правото на правично судење за поранешните терористи.
Италија има проблеми со големите миграциски бранови, бидејќи повеќето мигранти кои пристигнуваат на полуостровот сакаат да стигнат до други европски земји, главно Франција и Германија.
Според европратеникот Винченцо Софо (FDI/ECR), феноменот на миграција во Франција, и покрај одбивањата на италијанската граница, е толку сериозен што придонесе за колапс на општествениот систем во земјата.
„Францускиот социјален систем е оптоварен со миграција, која, преку комбинацијата на политиката без граници и политиката за обединување на семејството, несразмерно го зголеми бројот на оние кои имаат потреба од субвенции“, рече Софо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…