Саливaн: Нема недоразбирање меѓу САД и Израел, војната во Газа ќе трае со месеци
Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан денеска изјави дека нема недоразбирање меѓу Ерусалим и Вашингтон и процени дека борбата против Хамас во Газа ќе трае со месеци.
Тој на прес-конференција во Тел Авив рече дека САД и Израел се согласуваат дека ќе дојде до транзиција од моменталната фаза на конфликтот со висок интензитет кон прецизни операции.
„Белата куќа имаше многу добри дискусии за тајмингот и транзицијата во следните фази на конфликтот, но ние не сме тука да му кажеме на некого дека мора да направите икс (x), мора да направите ипсилон (y)“, рече Саливан по разговори со израелските власти.
Саливан рече и дека на средбите со израелските лидери не слушнал нешто што би го навело да одговори на хипотетичкото прашање како Вашингтон би реагирал доколку продолжи сегашната фаза.
Израелските колеги, објасни тој, рекоа дека нивната цел е да прават разлика меѓу цивилите и борците и да спречат повредување цивили.
Саливан смета дека Израел има клучна одговорност да ги заштити цивилите и да им обезбеди хуманитарна помош, но дека Хамас е одговорен за конфликтот и дека на тоа донекаде се заборавило во целата дебата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…
Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…