Салиу: Законот за бранители нема да помине без вклучување на припадниците на УЧК
Пратеничката од коалицијата ВЛЕН, Имерлије Салиу, која одби да претседава со Комисијата за социјална политика, преку статус на Фејсбук јасно го кажа ставот на ВЛЕН за Законот за бранители.
-Секоја тенденција за повторно активирање на воведувањето на „Законот за бранители“ на дневен ред е залудна. Ставот на коалицијата ВЛЕН и мојот став како член на Комисијата за социјална политика, демографија и млади веќе и е познат на јавноста. БЕЗ ВКЛУЧУВАЊЕ НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА УЧК, овој закон нема да помине, објавила Салиу.
Проблемот во Комисијата за социјална политика почна во ноември минатата година откако пратеничката од Алијансата за Албанците, Илире Даути одби да го стави на дневен ред Предлог-законот за бранители доколку не се стави законско решение и за припадниците на УЧК. Собранието на пленарна седница на 10 јануари со поддршка од 61 пратеник и 22 „против“ изгласа интерпелација на претседателката на собраниската Комисија за труд, социјална политика и млади Илире Даути. Интерпелацијата за Даути во ноември ја поднесе пратеничката група на Левица поради тоа што Даути, како што беше посочено на пленарната седница, со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочела Законот за бранители поднесен од опозициската СДСМ со тоа што не го ставила на дневен ред на Комисијата со која претседава. Една недела подоцна Даути поднесе оставка од претседателската позиција во Комисија.
Собранискиот спикер Африм Гаши пак во неколку наврати кажа дека тој немал деловничка можност да закаже комисија откако Даути одби да го стави законот на дневен ред. Таа пак иако доби допис од Гаши дека законот го добил потребното мнозинство, беше децидна дека законот мора да оди во пакет со закон со кој што ќе се решат и правата на борците на УЧК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: По 23 години, правичната застапеност конечно…
По 23 години чекање, одложувања и неисполнети…
„Сакам да работам“: Премиерот падна во замката…
Жалиме што и актуелниот Премиер влезе во…
Исмаил: 500 метри оддалеченост само од училиштата…
Потпретседателот и пратеник на Левица - Реџеп…
Левица: Власта нуди шминкерски закон кој единствено…
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го…
Следната недела СДСМ го промовира новиот закон…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче во поткаст…