Сали: Не знам кој ќе биде мојот наследник и дали промената е дефинитивна
Не знам кој ќе биде мојот наследник и дали има нешто дефинитивно. Дневната политика никогаш не сум ја следел, затоа што имаме многу ангажмани во Министерството за здравство. Се трудам да ги исполнам моите ветувања додека сум на оваа позиција, истакна министерот за здравство Беким Сали, кадар од редовите на Алтернатива, околу наводите во медиумите дека Алијансата за Албанците за влез во Владата преговара за овој ресор.
Треба да се дефинираат работите, дали индивидуата или политиката е приоритет, рече министерот Сали при посета на Клиничката болница Тетово по повод промоција на нова медицинска опрема во вредност од 3.2 милиони евра.
Како што рече, не верува дека денешниот е негов последен јавен настан како министер и најавува дека во текот на оваа недела сигурно ќе ги промовираат сите центри кои што добија опрема од соработката со Светска банка.
Во здравството и десет години да сте министер, немате да стигнете до крај. Меѓутоа многу е битно тоа што ќе до кажете јавно, да го одржите и да работите кон тоа. Нашата мисија е функционализирање, со цел децентрализација на здравствените услуги од Клиничкиот центар во другите регионални болници или градски болници, рече Сали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…