Сали од Киев: Остануваме цврст поддржувач на Украина и нејзиниот европски пат
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска учествуваше на пленарната сесија на Самитот Украина – Југоисточна Европа, организиран по повод Денот на државноста на Украина, информираат од МЕП.
Во обраќањето Сали истакнал дека земјава останува цврсто посветена на поддршката на Украина, потврдувајќи ја својата поддршка за нејзиниот суверенитет, независност и територијален интегритет во согласност со меѓународното право.
Тој нагласил дека нашата држава од самиот почеток на руската агресија обезбедува политичка, хуманитарна, воена и техничка поддршка за Украина и ќе продолжи да го прави тоа во тесна координација со Европската Унија и евроатлантските партнери.
Осврнувајќи се на значењето на Самитот, Сали истакнал дека соработката меѓу Украина и земјите од Југоисточна Европа е од суштинско значење за зајакнување на регионалната стабилност, поддршка на обновата на Украина и изградба на побезбедна и пообединета Европа.
Во однос на европската интеграција, министерот Сали потенцирал дека како земја кандидат со долгогодишно искуство во пристапниот процес, сме подготвени да ги споделиме своите искуства, експертиза и институционални капацитети со Украина на нејзиниот пат кон членство во Европската Унија.
Тој посочил и дека Меморандумот за соработка меѓу институциите на двете земји претставува значајна основа за понатамошно продлабочување на партнерството и развој на конкретна соработка во поддршка на европската интеграција на Украина.
На крајот, министерот Сали повторил дека Северна Македонија ќе остане сигурен партнер и силен поддржувач на Украина во нејзините напори за мир, безбедност и членство во Европската Унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сали од Киев: Остануваме цврст поддржувач на…
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за…
5,4 милиони евра за 1.385 нови вработувања…
Со мерката „Вработување и раст на правни…
Маж 10 часа висел наопаку меѓу карпи…
Припадници на Хрватската горска служба за спасување…
Хоџа го означи почетокот на регулацијата на…
Министерот за животна средина и просторно планирање,…
Трамп ќе биде на монетата од еден…
Жителите на САД наскоро ќе го видат…