Сали: Стравот од нов бран секогаш постои
Ситуацијата со ковид инфекции е смирена и засега земјата е во зелена зона, но засега не треба да се носат избрзани одлуки, вели министерот за здравство Беким Сали за Радио Слободна Европа на прашањето дали ќе се укинат сертификатите за вакцинација против ковид. На денешната средба со комисијата за заштита од заразни болести ќе се разгледуваат нови предлози за мерки во однос на последните податоци од Институтот за јавно здравје.
Стравувањето од нов бран секогаш постои, и во минатото се докажа дека опаѓањето на броеви во која било држава не е гарант дека нема да има нов бран. Ние сме отворена држава, комуницираме со туристи кои што доаѓаат, и ние патуваме многу така што во едно општество кое е отворено и неограниченото движење на луѓе, секогаш може да се очекува зголемување на број на новоинфицирани вели Сали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американската министерка за финансии ги предупреди кинеските…
Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска…
Несреќа на Партизанска: Велоспиедист прегази повозрасна скопјанка
Повозрасен велосипедист прегази жена пешак во Скопје.…
Во Иран уапсени се членови на Исламската…
Иранската полиција соопшти дека уапсила висок оперативец…
Германскиот канцелар Олаф Шолц во посета на…
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ќе пристигне…
Билјана Ванковска деновиве стана баба по втор…
андидатката за Претседател на државата, професорката Билјана…