Објавено на:

„Самовработување со грант“ претставува најатрактивна понуда за невработените

t

Мерката „Самовработување со грант“ изминатите години е најатрактивна за невработените кои сакаат да отворат сопствен бизнис, а преку која добиваат по 5.000 евра државни пари.

„Програмата самовработување се реализира во неколку чекори, а во тек е чекорот за изработка на бизнис план, кој се реализира во четири фази низ цела држава. Изработката на бизнис плановите се реализира со поддршка на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РСМ, која ангажира советници/експерти кои ги изработуваат во целост бизнис плановите врз основа на бизнис идејата на лицата апликанти“.

Првата фаза започна на 09.05.2022 година и ќе заврши на 23.06.2022 година. Претходно беше реализирана селекција на апликантите за изработка на бизнис планови врз основа на критериумите од програмата, известување од страна на центрите за вработување, објавување повик за избор на советници кои ги изработуваат бизнис плановите.

По завршување на првиот чекор – Изработка на бизнис план, следи вториот чекор, односно оценка на истите од страна на Експертска комисија (надворешно тело составено од банкари и претприемачи) за што е надлежна АППРСМ. Третиот финален чекор е финална селекција на аплкантите за доделување на грант.“, информираат за Gostivarpress.mk од Агенцијата за вработување,

Агенцијата уверува дека финансиските средства утврдени во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд, се обезбедни во целост

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…