САМО ВО МАКЕДОНИЈА, некој ќе ќари и од трагедија: Преку јавна набавка ќе се бира фирма да ги отстрани остатоците од тетовската модуларна болница!
Директорот на Клиничка болница Тетово Амир Елези информираше дека во тек е јавна набавка за избор на фирма која ќе ги отстрани остатоците од изгорената модуларна болница. Раководството на болницата досега чекало од Обвинителството да заврши со истрагата поради пожарот на 8 септември 2021 кога 14 луѓе ги загубија животите.
-Во врска со отстранување на опожарената модуларна болница, при крај сме со процедурите. Ова е така бидејќи со месеци чекавме од Обвинителството да имаме дозвола кога објектот нема да биде основа за понатамошна истрага. Сега сме во финалната фаза, врз основа на законот за јавни набавки, кај што ги примаме понудите од различни фирми, после тоа влегуваме во фаза на избор на најповолна понуда. Верувам во скоро време со оглед на тоа дека треба да се запазат до крај сите процедури во многу скоро време ќе се отстранат остатоците од модуларната болница, изјави Амир Елези.
Тој рече дека во координација со Министерството за здравство ќе се одлучува што ќе се прави на тоа место.
-Уште еднаш бидејќи се работи за многу сензитивна тема изразуваме најдлабоко сочуство за семејствата на пациетите кои загинаа. Верувам дека во иднина таму ќе предвидиме една спомен плоча за почит за сите пациенти и на нивните семејства. За понатамошните планови заедно со Министерството ќе се координираме што ќе предвидиме во тој дел, истакна Амир Елези денеска во болницата каде беше извршено примо-предавање на донирана медицинска опрема.
За пожарот во модуларната болница осомничени се двајцата поранешни директори, еден доктор и Клиничката болница како правно лице. Досега почетокот на судскиот процес на три пати се одложува поради разни причини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…
Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…
Насилник од Тетово му се заканувал на…
43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…
Омилената докторка на повредените е нова директорка…
Д-р Катерина Паниќ – Мирчовска е нова…
Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…
На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…
Во голем дел од тетовско утре ќе…
Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…