Само во Македонија се поставува камен темелник на автопат по вторпат: Каде фрли лопата Мицкоски кога Ковачевски веќе го отпочна проектот?

t

Пред две години премиерот Димитар Ковачевски присуствуваше на настан по повод поставувањето камен-темелник на проектот Коридор 8, кој се одржа кај наплатната рампа на автопатот Тетово – Гостивар.

Камен-темелникот на Коридорот 8 не е само почеток на нова патна инфраструктура, тоа е камен-темелник и на нови инвестиции – отворање на нови пазари, можности за нови соработки како помеѓу домашните така и со меѓународните компании, порача премиерот Димитар Ковачевски на означувањето на почетокот на градбата на автопатската делница од Тетово до Гостивар, која е дел од Коридорот 8, пред две години на 4 април 2023 година.

Две години подоцна на 03.05.2025 по втор пат премиерот Христијан Мицкоски, присуствуваше на свеченото поставување на камен-темелник за изградбата на автопатот Тетово – Гостивар, долг 17,5 километри.

„Денес, како никогаш порано, државата е едно големо градилиште. На повеќе од 1.200 локации се реализираат инфраструктурни проекти. Градењето патишта, училишта, градинки и канализации значи градење иднина“, нагласи премиерот Христијан Мицкоски.

Проектот, вреден околу 90 милиони евра е дел од големиот проект на Бехтел и Енка за коридорите 10д и 8 за кој договорот и градежните работи ги отпочна владата на СДСМ предводена од Димитар Ковачевски.

Од опозиција Мицкоски тврдеше дека овој договор е покриминален од транзицијата.

-Ние отворивме најмалку 10 дилеми изминатиот период кој што се поврзани со овој договор, за кои што сметаме дека се историски криминални. А дури и јас би рекол дека според влијанието кои што го имаат овие проблематични делови од договорот се поголем криминал од времето на транзицијата кога практично десетици, стотици наши сограѓани останаа без работа – рече Мицкоски.

Денес овој договор за Христијан Мицкоски е магичен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва тврди дека погодила трговски брод во…

Руските вооружени сили попладнево продолжија со координирани…

Силно невреме во Италија, жена загина во…

Невремето што од вчера ја погодува Италија…

Врнежи, ветер и заладување за време на…

Под влијание на циклонска активност за време…

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

Поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски изнесе…

(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата…

Четворица мажи биле избодени денеска попладне во…