Само во периодот од 2020 до 2023 година во сообраќајни несреќи во Македонија загинале 457 луѓе
Фросина, Теодора, Викторија. Речиси секојдневно некој го губи животот на македонските улици и патишта. Само во периодот од 2020 до 2023 година во сообраќајни несреќи во Македонија загинале 457 луѓе. Државниот завод за ревизија констатира дека мерките што ги преземаат надлежните, иако придонесуваат за подобрување, сепак не се ефикасни за намалување на жртвите од сообраќајки.
Ревизорите констатирале дека не се исполнети целите поставени во стратегијата за безбедност во сообраќајот 2015-2020. Бројот на жртви не е намален до европскиот просек, бројот на повредени не е намален за 40 отсто како што е предвидено, и не е постигната целта да не гинат деца во сообраќајки.
Од 2020 година не е донесена нова стратегија. Ревизорите констатирале дека и покрај тоа што се трошат пари, патиштата имаат лоша сигнализација и не се одржуваат како што треба, што го зголемува ризикот од несреќи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Швајцарија го имаше најтоплото лето
Швајцарија го регистрираше најтоплото лето откако се…
Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со…
Врховниот суд ја укина пресудата на Апелациониот…
Британец е обвинет за помагање на руски…
Обвинителите денеска пред суд во Лондон соопштија…
Стевчо Јакимовски излегува од затвор – Врховниот…
Врховниот суд ги укина правосилните пресуди против…
Бетовен, Марија Кири, Леонардо да Винчи на…
Еврото би можело да добие сосема нов…
