Само мерки за претпазливост за тројцата насилници од Ченто за бруталниот напад врз малолетник

t

Основниот кривичен суд ги прифати предложените мерки за претпазливост за тројцата осомничени за бруталниот напад врз 14-годишното момче во скопската населба Ченто, кое беше претепано и избодено дури седум пати со нож.​На осомничените им се изречени следниве забрани и обврски:

,,​Забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето;​Обврска за повремено јавување кај определено службено лице или надлежен државен орган;​Привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница;​Забрана за посетување на местото каде што се случил кривично-правниот настан; Строга забрана за приближување или воспоставување какви било контакти со оштетеното дете и со неговите родители.”

Од Основното јавно обвинителство информираат дека во меѓувреме продолжува прибирањето докази и вештачењето на пронајдените траги на теренот.

​„Истражните дејствија непречено се спроведуваат. Издадена е наредба за обезбедување на целокупната медицинска документација, се очекува наодот од медицинското вештачење, а паралелно се преземаат и други истражни мерки“, соопштија од Јавното обвинителство на РСМ.

​Крвничкиот напад се случи на 22 јуни, а Министерството за внатрешни работи , ја поднесе кривичната пријава во петокот – дури 11 дена по инцидентот. Во пријавата, случајот засега се води под правна квалификација „насилство“.

​Сепак, родителите на повреденото момче јавно реагираат и бараат случајот да се преквалификува во „обид за убиство“, нагласувајќи дека напаѓачите со себе носеле и автоматска пушка „калашников“.

Мотивот за нападот сè уште е непознат. Во зависност од резултатите од медицинските вештачења, како и од преостанатите докази кои се прибираат за целосно расветлување на случајот, јавниот обвинител има законско право да ја промени и заостри правната квалификација на кривичното дело со кое се товарат осомничените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа…

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека…

Савески до пратениците: Во овој момент не…

Државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој беше…

Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…

Москва предлага пакт со НАТО

Русија би можела да склучи пактови за…