(Фото) Само Русија и Украина имаат помал раст на економијата од Македонија

t

Само Русија, Украина и Белорусија имаат помала стапка на раст на своите економии оваа година. Извештајот на Светска банка покажува дека македонската економија годинава ќе порасне за само 2,1% што е најниско ниво во Европа.

– Во актуелната ситуација, засилената политичка несигурност и закочениот парламент , по резултатите од локалните избори и отстранување на пречките за отворање на пристапните преговори со ЕУ, во услови на криза со храна и енергија, може да доведе до одложување на спроведувањето на реформите потребни за поттикнување на потенцијалниот раст и консолидација на јавните финансии. Згора на тоа, намалената домашна и надворешна побарувачка, високи влезни трошоци и недостиг на ликвидност може да доведе до дополнителни отпуштања и зголемување сиромаштија, растегнување на веќе тесните јавни финансии. Конечно, заострувањето на финансиските услови може да влијае на опциите за финансирање и трошоците понатаму, се вели во извештајот на Светска Банка

ФАКТИ
Македонија има меѓу најмалите проектирани растови на БДП во 2022(2,1%) . Помал раст на БДП за 2022 од Македонија имаат само Украина, Русија и Молдавија.

Македонија има трета најголема надолна корекција на проектираниот раст на БДП за 2022. Светска Банка нашата проекција ја коригирала за 0,6 процентни поени надолу. Поголеми надолни корекции има за проекциите кај Косово 0,8 ПП и кај БиХ за 0,7 ПП

Македонија има најмал раст на БДП во 2021 година (4%) меѓу сите земји од Европа. Само Украина има помал раст од Македонија во 2021 година (3,4%) но тоа се должи и на двојно помалиот пад на БДП во 2020 (Македонија -6,1% а Украина -3,8%)

СБ прогнозира ниска стапка на раст на БДП во наредните 2 години. Прогнозата е 2,1% за 2022, 2,7% за 2023 и 2,9% за 2024

Проценетата годишна инфлација за 2022 е 12,1%. Прогнозите се дека во 2023 таа ќе се намали на 6,1% а во 2024 на 3%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…