Само четири дена се почитувал договорот за откупните цени на пиперката, земјоделците утре повторно на протест

t

Само четири дена се почитувале договорените откупни цени за пиперката, тврдат земјоделците од Струмичко, кои за утре, 25 август, најавуваат нов протест и блокади поради повторното намалување на цените.

Според објавата на Месното здружение на млади Муртино, веќе пет дена пиперката во струмичкиот регион се откупува по околу 25 денари за килограм, а од фабриките биле најавени и нови пониски цени.

Земјоделците бараат целосно спроведување на договорените откупни цени и класификацијата на пиперката. Тие велат дека во изминатите денови биле во контакт со министерот за земјоделство Борче Серафимовски и повеќепати ја пријавувале состојбата на терен.

Тие потсетуваат дека на состанокот на кој биле договорени откупните цени побарале и писмени гаранции дека фабриките ќе ги почитуваат, но такви гаранции не добиле. Според земјоделците, министерот тогаш јавно најавил дека договорените цени ќе мора да се почитуваат и дека државата ќе реагира доколку преработувачите отстапат од договореното.

Поради незадоволството, утре во 11 часот е најавен масовен земјоделски собир пред подрачната единица на Министерството за земјоделство во Струмица, како и блокади. Тргнувањето е најавено за 10:15 часот, а земјоделците се повикуваат да дојдат и со земјоделска механизација доколку се во можност.

Организаторите нагласуваат дека станува збор за мирен земјоделски протест без партиска позадина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување…

Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон…

БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОВИКА ВЛАДАТА ДА ГО СЛЕДИ…

Велика Британија нема да може да изгради…

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…

Славевски: Алта банка е стабилна, сите процедури…

Алта банка АД Битола е стабилна, со…

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…