Само 12 дејности во Македонија се со плата над 1.000 евра!

t

Платите во Македонија и понатаму покажуваат значајни разлики меѓу секторите, при што мал број дејности издвојуваат значително повисоки примања од националниот просек, покажува најновата анализа на Институтот за економски анализи Finance Think, објави 4news.mk

Според истражувањето, во земјата постојат само 12 дејности во кои просечната месечна плата надминува 1.000 евра, односно се движи во распон од 1.000 до 2.000 евра. Најчесто станува збор за сектори од ИТ, финансии, производство, транспорт и одредени услужни дејности.

На самиот врв се наоѓаат компјутерските програмери со просечна плата од околу 115.500 денари. Следуваат вработените во научно-истражувачкиот и развојниот сектор со околу 84.000 денари, како и стручните и научните дејности со просек од приближно 83.000 денари.

Меѓу подобро платените се и работниците во складирање и помошни транспортни дејности со околу 75.900 денари, како и телекомуникацискиот сектор со околу 74.800 денари месечно. Во првите шест се и вработените во воздухопловството со просечна плата од околу 69.000 денари.

Фармацевтската индустрија бележи просек од околу 67.000 денари, додека финансискиот сектор и производството на пијалаци се на слично ниво, со околу 66.000 денари. Рударството изнесува околу 63.000 денари, а управувачките дејности се нешто под оваа граница.

На 12-то место се наоѓаат осигурителните компании и пензиските фондови, со просечна плата од околу 61.250 денари.

Податоците покажуваат и дека просечната плата во државата изнесува околу 48.400 денари, додека повеќе од 70 отсто од вработените примаат плата под овој просек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Централните банки забрзано купуваат злато: Се преиспитува…

Централните банки ширум светот ги зголемуваат набавките…

Ројтерс: Иран подготвил планови за напади врз…

Иран подготвил детални планови за напади врз…

Зајкова: ЛДП нема да отстапи од барањето…

ЛДП е целосно независна, идеолошки автентична и…

Австрија протерува четворица руски дипломати поради безбедносни…

Австриското Министерство за надворешни работи соопшти дека…

Начевски: Да не беше Заев, Филипче немаше…

Коста Начевски, долгогодишен член на СДСМ и…